Главна спортска тема во Италија утрово е побуната на играчите на Наполи. Веста во јавноста се појави после ремито со Салзбург во Лигата на шампионите (1:1).
Фудбалерите со дозвола на тренерот Карло Анчелоти ја одбиле наредбата на претседателот Аурелио Де Лаурентис. Де Лаурентис после поразот од Рома во Серија А им нареди на играчите една недела да поминат во карантин за подобро да се спремат за натпреварите со Салзбург и Џенова.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Незадоволните фудбалери се побуниле и после натпреварот место во карантин си заминале во своите домови. Истото го направиле и вчера после натпреварот со Салзбург.
Освен тоа Карло Анчелоти одби даде изјава и не се појави на редовната прес-конференција после натпреварот. За медимуте одби да зборува и Фернандо Љоренте. Поради ова веројатно клубот го чека казна од УЕФА.
Во Лигата на шампионите Наполи е блиску до пласман во следната фаза, имаат бод помалку од водечкиот Ливерпул и чтири повеќе од третопласираниот Салзбург. Од друга страна во Серија А тимот после 11 кола веќе заостанува 11 бода од лидерот Јувентус.