Дома Фудбал Гомеш пуштен од болница, познато и колку време ќе биде надвор од терените

Гомеш пуштен од болница, познато и колку време ќе биде надвор од терените

Играчот за врска на Евертон кој заработи тешка повреда е пуштен од болница после операцијата која му беше направена поради повредата која ја заработи во натпреварот против Тотенхем.

Поранешниот фудбалер на Барселона мораше да оди на операција откако над него стартуваше Сон Хеунг Мин во 78-та минута од натпреварот.

Гомеш од „Гудисон Парк“ веднаш беше пренесен во болница, а вчера му беше извршена операција. Сега тој е пуштен од болницата и ќе може да продолжи со рехабилитацијата во домашни услови под будно око на докторите во Евертон.

Сепак и покрај ова многу се мали шансите Гомеш да заигра оваа сезона и се очекува да паузира помеѓу шест и осум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик не е приоритет за Арсенал: Три англиски клуба покажуваат посилен интерес

Претставниците на Ендрик бараат можности за јануари, но Арсенал не брза. Њукасл, Астон Вил…