Дома Фудбал Валверде го изостави Дембеле и порача: Треба да го заслужи своето место!

Валверде го изостави Дембеле и порача: Треба да го заслужи своето место!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пред натпреварот против Славија од Прага во Лигата на шампионите, истакна дека очекува тежок натпревар како тој одигран на гостински терен.

„Очекуваме ист натпревар како оној во Прага. Славија останува верна на својот стил. Тоа е тим кој игра цврст фудбал и може да биде многу опасна. Ние на почетокот на сезоната игравме лошо, потоа се се одвиваше по нагорна линија и добивме три победи по ред. Викендот повторно изгубивме. Сакаме да се вратиме на игрите од пред тој натпревар“, изјави Валверде.

Валверде го изостави за вечерашниот меч Осман Дембеле и му порача дека треба да го заслужи своето место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секој треба да го заслужи своето место, Дембеле не е исклучок. Кога игра на една позиција, ќе остане на таа позиција доколку игра добро, како што е случајот со Суарез, Гризман, Пике, Меси, едноставно никој не е исклучок и никој нема загарантирано место во тимот“, порача Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…