Дома Топ вести Милан и Тотенхем се „тепаат“ за младата ѕвезда на Барса

Милан и Тотенхем се „тепаат“ за младата ѕвезда на Барса

Тотенхем не е единствениот клуб кој е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Барселона, Карлес Алења.

Последните информации од Шпанија се дека Милан се вклучил во трката за неговиот потпис и е спремен да испрати понуда за големиот талент на Каталонците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


21-годишниот играч за врска има само 45 одиграни минути оваа сезона и тоа во првото коло од Примера, иако минатата сезона одигра неколку одлични натпревари.

Фудбалерот исто така е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи е јасно дека на „Камп Ноу“ тешко ќе се избори со конкуренцијата.

Неговиот договор со Барселона истекува во 2022 година и Каталонците немаат проблем да го пуштат, но ќе сакаат во договорот да има „бај-бек“ клаузула во следните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…