Дома Фудбал Лига на шампиони Борусија Дортмунд ослабена против Интер

Борусија Дортмунд ослабена против Интер

Еден од дерби натпреварите на 4. коло во ЛШ ќе се игра во Дортмунд, каде Борусија ќе го пречека Интер.

Тоа ќе биде натпревар од големо значење за двата тима откако после три одиграни кола се на делба на втората позиција на табелата со по три бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неполни две недели, Нероаѕурите во Милано славеа со 2:0, а Милионерите ќе се обидат со сите сили да се реваншираат.

Сепак, Борусија во овој натпревар нема да настапи со најсилниот состав откако на последниот тренинг тренерот го немаше на располагање можеби и својот најдобар играч.

Имено, последниот тренинг пред натпреварот го пропушти Марко Ројс и тешко е да се верува дека воопшто ќе заигра против италијанскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмун…