Дури и пред доаѓањето на Де Лихт, Ругани немаше преголема минутажа, па цело лето се шпекулираше со негово заминување од Јувентус.
Италијанецот остана во Торино, но сега ја грее клупата, а Де Лихт стана стандарден првотимец, иако имаше неколку грешки од стартот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Ругани се зборуваше дека има голема перспектива да стане иднината во одбраната на Јувентус, но се чини дека од тоа нема ништо.
Тој уште во јануари се очекува да ја промени средината, а можно е да се пресели во редовите на големиот ривал од Милано.
Милан е сериозно заинтересиран за неговиот потпис и смета дека би бил идеален партнер на Ромањоли во одбраната, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
„Росонерите“ ќе имаат силна конкуренција бидејќи за Ругани интерес покажуваат уште Арсенал и Манчестер Јунајтед.