Дома Фудбал Марсело мислел дека ќе умре пред финалето во ЛШ: Не можев да дишам!

Марсело мислел дека ќе умре пред финалето во ЛШ: Не можев да дишам!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело за шпанските медиуми откри интересни детали од финалето во Лигата на шампиони во Киев.

„Кралевите“ ја освоија Лигата на шампиони во 2016, 2017 и 2018 година, а токму последниот пат, пред мечот со Ливерпул, Марсело преживеал вистинска „драма“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не можев да дишам, се обидував да не паничам. Тоа беше пред самото финале со Ливерпул 2018 година. Мислам дека нешто ми се заглави во градите, имав силен притисок, не нам дали сте почувствувале такво нешто, не зборувам за нервите, тоа се нормални работи во фудбалот, ова беше нешто сосема друго“, откри Марсело.

„Кога на крај се симнав на тревата, сè уште имав проблеми со дишењето и си помислив: ако морам да умрам тука вечерва – ќе умрам. Се построивме за почетокот на мечот, а кога ја видов топката на средина на теренот се се смени. Тежината ми падна од градите. Се смирив.“, додаде Бразилецот.

На крајот Реал славеше со 3:1 во финале кое го одбележаа двата големи кикса на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …