Дома Фудбал Англија Натпреварот на Ливерпул ќе биде преместен во јануари, но проблемот со календарот останува

Натпреварот на Ливерпул ќе биде преместен во јануари, но проблемот со календарот останува

Англиската фудбалска лига е спремна да го премести натпеварот на Ливерпул во Лига Купот во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

Ливерпул синоќа во луда пресметка го победи Арсенал после изведување на пенали, откако во регуларниот дел беше 5:5 и за противник во четвртфиналето од Лига Купот го доби Астон Вила.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По распоред овој натпревар треба да се игра на 16-ти декември, но само два дена после тоа „црените“ го започнуваат настапот на Светското клупско првенство.

Поради тоа од „Енфилд“ се заканија дека ако терминот не се премести, тие ќе се откажат од Лига Купот. Според последните информации од Островот, Англиската фудбалска лига е спремна да го премести натпеварот на 8-ми јануари.

Меѓутоа, проблемот со натпреари останува голем, бидејќи финалето на Лига Купот мора да биде изирано на 1-ви март, а во јануари и февруари има одредени датуми за натпревари од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…