Дома Видео Јовиќ конечно го постигна деби голот за Реал па испрати јасна порака

Јовиќ конечно го постигна деби голот за Реал па испрати јасна порака

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ синоќа конечно го постигна првенецот во дресот на Реал Мадрид.

Јовиќ во натпреварот против Леганес доби 15-тина минути за игра и ја оправда довербата дадена од тренерот Зинедин Зидан постигнувајќи погодок за 5:0 во натпреварот од 11. коло во Ла Лига.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јовиќ на деби голот чекаше цели три месеци, а откако го постигна порача дека е многу среќен.

„Многу сум среќен. Хала Мадрид.“ – рече Јовиќ после натпреварот, а пренесе официјалната Фејзбук страна на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Пет фудбалери денеска се збогуваат со Челси

Вкупно пет играчи ќе се збогуваат од „Стамфорд Бриџ“ поради истекување на нивните договори…