Дома Фудбал Останато Видал призна дека не среќен во Барселона

Видал призна дека не среќен во Барселона

Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал призна дека не е задоволен од својот статус во клубот и минутажата која ја добива оваа сезона.

Со тоа Чилеанецот додатно ги разгоре шпекулациите за негово заминување од „Камп Ноу“ уште во зимскиот преоден рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интер е сериозно заинтересиран да го донесе Видал во своите редови, а Чилеанецот призна дека повторно сака да работи со Конте.

„Со Антонио Конте работев беспрекорно, овој тренер ме направи еден од најдобрите во светот. Во фудбалот, најважна е довербата, кога тренерот верува во фудбалерот, тој може да прикажува многу подобри партии. Затоа, јас секогаш со задоволство се присетувам на тоа време на заедничка соработка во Јувентус“, изјави Видал и додаде:

„Сега не сум среќен бидејќи голем дел од времето минувам на клупата, правам се што можам за да се вратам во стартната постава. Не можам да најдам објаснување за малата минутажа, но тренерот прави свој избор. На мене е да се борам и да работам напорно“, истакна Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Шоу на Барселона на тренинг стадион при победата над Валенсија со шест гола

Во последниот натпревар од четвртото коло на шпанската Ла Лига, актуелните шампиони, фудба…