Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи присуствуваше на Олимпико на дербито помеѓу Рома и Милан во недела и тоа со јасна цел.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Паратичи и Јувентус веќе подолго време ги следат настапите на Николо Заниоло, кој важи за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал.
19-годишниот Заниоло повторно одигра одличен меч и беше меѓу најдобрите поединци на теренот, па Јувентус ќе направи се наредното лето да го донесе во Торино.
Паратичи има интерес и за друг фудбалер на Рома. Станува збор за младиот напаѓач Алесио Рикарди. 18-годишниот талент е еден од најдобрите во академијата на „волчицата“, па Јувентус сака да го „украде“.