Кога Наполи минатото лето од Бетис го доведе Фабиан Руиз, веројатно не можеше ниту да поверува каква работа направи.
Младиот 23-годишен играч за врска од тогаш игра одлично, а поради тоа се најде на метата на Реал Мадрид и Барселона, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучил во трката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двата шпански клуба го обележаа Руиз како играч кој сака да го доведат во јануарскиот трансфер период, а „Кралскиот клуб“ според последните информации подготви и вистинска понуда. Имено, Реал ќе го понуди Иско и 20 милиони евра за играчот на Наполи. По доаѓањето на Зидан, Иско не игра премногу и клубот сака да се ослободи од него во јануари.
Сепак, Наполи нема намера да го продаде својот играч и ќе постави огромна цена со цел заинтересираните клубови да се откажат.