Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте сака додатно да го засили својот тим во зимскиот преоден рок, а најголема желба е Артуро Видал.
Интер одлично ја започна сезоната, но Конте сака засилување во средниот ред и смета дека Видал би бил идеална опција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Видал имаше добра сезона во Барселона, но во последно време се помалку добива минутажа, па е спремен да се врати во Италија.
Каталонскиот клуб нема да му стои на патот и за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека трансферот во јануари е можен само доколку Интер успее да се квалификува во следната фаза од Лигата на шампиони, бидејќи со тоа ќе има поголем буџет за трансфери.