Дома Трансфер зона Се укинува суспензијата на Челзи: Ова се првите трансфер мети!

Се укинува суспензијата на Челзи: Ова се првите трансфер мети!

Според информациите од Англија, Челзи со самодоверба го чека исходот од жалбата, се верува дека казната од суспензијата ќе им биде преполовена и дека во јануари ќе можат да купуваат играчи.

Со оглед на играта во Лигата на Шампионите, но и петте победи и во моментот четвртото место во Премиер лигата, Лампард ќе добие засилување уште на зима. Тој сака да го промени нападот, но и да го засили средниот ред. Синоќа скаутите на Челзи го следеа Минковиќ-Савиќ против Селтик.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Она што е реално за целите на Лампард во јануари се двајца напаѓачи. Имено, Абрамовиќ е спремен да издвои пари за Тимо Вернер, но и одличниот Калум Вилсон кој игра добро во Борнмаут. Лампард смета и на Абрахам кој добива поддршка, не верува во Жиру кој сака да го напушти клубот, како и заборавениот Батушаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Само два клуба можат да си го дозволат Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на гигантите ширум Европ…