Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лихт изјави дека не го интересираат премногу критиките од италијанската јавност.
Де Лихт во Јувентус пристигна во текот на летото за 86 милион иевра и тоа после долга трансфер сага и откако сите го видоа во дресот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со првите настапи Холанѓанецот не ги оправда очекувањата. Критиките на негова сметка беа се поголеми, но како што изјави Де Лихт со тоа се носи добро.
„Искрено не читам што медиумите пишуваат. Сега против Локомотив мислам дека одиграв добар натпревар. Бев цврст, стабилен и не грешев многу. Локомотив скоро и да немаше шут на нашиот гол“, изјави Де Лихт.
Неодамна во одбрана на Де Лихт застана Марчело Липи кој порача дека во квалитетот на Де Лихт не треба да се сомнева и потсети на тоа дека и еден Зидан имал проблеми кога дошол во Јувентус.