Легендата на Арсенал, Сол Кембел е нов тренер на Саутенд Јунајтед со кој потпиша договор до крајот на 2022 година.
Со Кембел во стручниот штаб ќе работи Енди Кол кој ќе има задача да се занимава со напаѓачкиот дел на тимот, додека Херман Хреидарсон ќе му биде асистент на Кембел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој минатиот ангажман го имаше во Маслефилд Таун, а клубот го превзема со пет бода заостанување зад екипите кои беа во безбедната зона. Сепак успеа да го задржи тимот во елитата.
Неговиот нов клуб се наоѓа на 22-то место во третиот ранг натпреварување во Англија и има само пет бода од 13 натпревари.
Дали Кембел ќе направи ново чудо останува да видиме.