Дома Трансфер зона Арсенал е одлучен да го откупи договорот на Себаљос, но Реал не е задоволен

Арсенал е одлучен да го откупи договорот на Себаљос, но Реал не е задоволен

Дани Себаљос во летниот трансфер период пристигна на позајмица од Реал Мадрид во Арсенал.

Шпанскиот играч за врска оваа сезона запиша 12 настапи за лондонскиот клуб и постигна еден гол, а изгледа дека веќе ги задоволил луѓето од управата на клубот. Имено, според пишувањето на шпанскиот „El Desmarquea“, Арсенал сака да го откупи уште од сега и му понудил на Реал 30 милиони евра, но таа понуда била одбиена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Себаљос наводно во текот на репрезентативната пауза се сретнал со Перез и му кажал дека сака да остане во Арсенал. Иако „Кралскиот клуб“ ја одби понудата на Топчиите, се верува дека договорот би можел да биде постигнат доколку англискиот клуб испрати понуда од 35 милиони евра.

Себаљос во Реал пристигна во 2017. година од Бетис за 16.5 милиони евра и од тогаш запиша 56 настапи за овој клуб и постигна пет гола, а има договор до 2023. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…