Дома Фудбал Џака жестоко му одговори на Евра!

Џака жестоко му одговори на Евра!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра го критикуваше слабиот менталитет на Арсенал и не бираше зборови за да ги навреди „топџиите“.

Евра ги понижи играчите на Арсенал нарекувајќи ги „бебиња“, а посебно го „пецна“ капитенот Гранит Џака.

Навивачите на Ареснал треба да бидат бесни кога ќе го видат Гранит Џака како свој капитен. Тој не е вистински капитен, истакна меѓу другото Французинот.

Сега, на овие зборови жестоко одговори Џака кој истакна дека тоа што го кажал Евра е „срање“.

„Многу луѓе зборуваат и повеќе од што треба. Имам голема почит за Евра затоа што тој беше одличен играч, но мора да бидете внимателни што зборувате. Тој ја знае ситуацијата во нашиот клуб, и не само тој. Многу луѓе зборуваат срања и секогаш е исто. Ќе ви ја кажам искрената вистина, не ме интересира што зборуваат луѓето“, изјави Џака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…