Дома Фудбал Мурињо „удри“ по Солскјер: Тој само зборува за иднината!

Мурињо „удри“ по Солскјер: Тој само зборува за иднината!

Поранешниот менаџер на  Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не пропушти шанса да го „пецне“ неговиот наследник Оле Гунер Солскјер.

Манчестер Јунајтед игра многу лошо оваа сезона и се наоѓа на средината на табелата, а Мурињо го обвини Солскјер за нефокусираност на актуелната состојба на тимот.

„Многу сакам да си најдам работа како Солскјер. Тригодишен договор и ќе си повторувам, иднината, младите играчи и така натаму. Тој коментира само за иднината откога дојде во Јунајтед“, порача Мурињо.

Јасно е дека Мурињо и понатаму е незадоволен што доби отказ во Манчестер Јунајтед. Тој вчера дојде на „Олд Трафорд“ за големото дерби и со голем аплауз од страна на домашните навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем и Њукасл го следат Де Винтер, но Милан ги држи картите

Белгискиот дефанзивец е на радарот на неколку премиерлигаши, но договорот до 2030 година и…