Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.
Караско играше за Монако и Атлетико Мадрид и би можел да се врати на стариот континент веќе во јануари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За него постои голем интерес од многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Интер, Манчестер Јунајтед и Милан.
„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“, истакна Караско.