Дома Трансфер зона Милан тврди: Донарума е недопирлив!

Милан тврди: Донарума е недопирлив!

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан во јануари нема да продава ниту еден играч иако клубот објави рекорден минус од 146 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека поради лошата финансиска ситуација, Милан е принуден за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на Џанлуиџи Донарума.

Сепак, челниците на Милан потенцираа дека Донарума не е за продажба и дека се преговара за продолжување на соработката.

Сопствениците на италијанскиот гигант, инвестицискиот фонд „Елиот“ го покрил целиот финансиски минус и не помислува да ја продаде најголемата ѕвезда на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…