Дома Фудбал Англија Клоп се уште не знае дали Салах и Матип ќе бидат спремни за дербито

Клоп се уште не знае дали Салах и Матип ќе бидат спремни за дербито

Мохамед Салах и Жоел Матип денес ќе направат фитнес тестови, па дури после тоа со сигурност ќе се знае дали двајцата ќе можат да играат во големото дерби со Манчестер Јунајтед во недела.

Египќанецот се здоби со повреда на глуждот за време на натпреварот со Лестер во последниот меч пред репрезентативната пауза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матип пак нема настап уште од натпреварот против Шефилд Јунајтед минатиот месец, но веќе почна да тренира со остатокот од тимот.

Добрата вест е што голманот Алсисон е комплетно опоравен и најверојатно ќе игра од првата минута во дербито со Манчестер Јунајтед.

„Алисон изгледа добро. Има уште два тренинзи, до сега е се во ред. Другите двајца се подобро, но се уште не се знае. Треба да донесам утре конечна одлука“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…