Масимилиано Алегри и понатаму силно се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, во случај ако Солскјер добие отказ.
Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед, откри дека прашање е само на денови кога трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри, и официјално ќе биде претставен за нов менаџер на „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголем добитник од целата ситуација може да биде Јувентус. Имено, Алегри и понатаму е под договор со „старата дама“ и заедно со своите помошници за оваа година ќе добие вкупно 16 милиони евра.
Притоа, од Јувентус се надеваат дека Алегри со себе на „Олд Трафорд“ ќе ги понесе Марио Манџукиќ и Емре Чан. Хрватот има плата од 6 милиони евра по сезона, додека Германецот годишно заработува 5 милиони евра.
Па така доколку Алегри и офцијално биде назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед, Јувентус би можел да заштеди околу 70 милиони евра.