Лука Модриќ најверојатно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, па раководството веќе почна да бара долгорочна замена за Хрватот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „кралевите“ е играчот на Наполи, Фабиан Руиз за кого исто така се заинтересирани Барселона и Манчестер Сити.
23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блескаше со младата репрезентација на Европското првенство.
Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.
Меѓутоа, Наполи никако не сака да се откаже од својата ѕвезда и за неговиот потпис бара 100 милиони евра.