Арсенал минатиот викенд на својот стадион го совлада Бурнемоут со резултат 1:0 во натпревар од 8-то коло во Премиер лигата.
Доколку „топџиите“ не победеа во овој натпревар сигурно ќе се кренеше повеќе прашина. Имено во центарот на внимание се најде ситуацијата со Николас Пепе во главна улога.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пепе во 24-тата минута влезе во казнетиот простор на Бурнемоут и тргна во дриблинг. Успеа некако да ја турне топката низ покрај играчот на гостите кој според дел од јавноста направи фаул над него.
Меѓутоа судијата Еткинсон во тој момент не се огласи.
После натпреварот оваа ситуација стана уште повеќе контроверзна. Имено, медиумите објавија дека Ентони Тејлор кој беше во ВАР собата на овој натпревар сметал дека е пенал и дека Еткинсон погрешил, но не сакал да ја менува одлуката која ја донел судијата на теренот!?
Поголемиот дел од јавноста се сложува дека Еткинсон требало да биде повикан да ја погледне снимката од спорната ситуација.
И после ова повторно се поставува прашањето: Кој и зошто одлучува една ситуација да се прегледа, а друга не?