Францускиот фудбалер Франк Рибери после 12 години поминати во Баерн Минхен летово се пресели во Фиорентина каде доживува нова младост.
Се покажа дека Рибери направи повеќе од добар потег што не отиде во пензија, а освен Фиорентина откри дека летово и неколку други тимови се интересирале за неговите услуги.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имаше понуда од разни европски клубови, интерес имаше дури и на клубови од Англија“, откри Рибери, кој потврди дека имал понуда и од Ајнтрахт.
„Да, слушнав за тоа, но проблем беше што тие сакаа да ми дадат само едногодишен договор. Мене тоа не ми одговараше. Се знам себеси, своето тело и уште колку можам да играм. Фиорентина ми веруваше повеќе и на крајот тоа пресуди“, истакна Французинот.