Oле Гунар Солскјер е пред отказ во Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ играат очаен фудбал и тешко е да се верува дека Норвежанецот ќе остане до крајот на својот тригодишен договор на „Олд Трафорд“ кој го потпиша во март овој месец.
„Daily Mail“ пишува дека во Јунајтед активно работаат на замена на Солскјер, а таа би требала да биде од Бундеслигата. Официјални контаки се уште нема, а најголема желба е Жулијан Нагелсман.
Овој млад германски стратег во моментов работи во Лајпциг, а во минатото имаше одлични резултати со Хофенхајм.