Златан Ибрахимовиќ зборуваше за „Скај Спорт“ и допре повеќе теми, вклучувајќи го и неговото можно враќање во Серија А.
Швеѓанецот настапуваше за Јувентус, Интер и Милан ,а во овој момент е играч на Ла Галакси каде што прикажува одлични настапи и покрај тоаш то има 38 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ оваа сезона постигна дури 30 голови во МЛС, но со Галакси има договор до крајот на оваа година и од јануари ќе биде слободен играч.
Затоа веќе некое време се шпекулира каде шведскиот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата, доколку не одлучи да ја заврши. Сега тој даде свој коментар.
„Дали би бил спремен да играм во Серија А? Да, 100%. Како се чуствувам, како играм и понатаму би правел разлика било да е тоа во Италија или другите држави. Мојот договор истекува во декември и не знам што ќе се случи после тоа. Да видиме…Морам да размислам за многу работи. И за физичката спремност и за шансите. Немам проблем да се вратам во Италија, би бил подобар од оние кои се таму“, изјави Швеѓанецот.