Финансискиот извештај на Барселона за претходните 12 месеци покажа дека каталонскиот клуб на други клубови должи вкупно 260.7 милиони евра, а најголем дел се однесува на Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Ливерпул се уште треба да добие 94.6 милиони евра од Барселона за трансферот на Фелипе Кутињо – 27.9 милиони во бонуси кои би требало да бидат исплатени наскоро и 66.7 преку долгорочна исплата.
Ќе потсетиме, Кутињо во Барселона пристигна за вкупно 160 милиони евра од Ливерпул, меѓутоа на „Камп Ноу“ не се прослави и ова лето беше испратен на позајмица со право на откуп на окуп во Баерн
Кога во прашање се другите трансфери Барселона треба да плати 30.3 милиони евра на Бордо за Малком, 10.9 милиони евра за Артуро Видал, 31.4 милиони за Нето и 48.6 милиони евра за Френки Де Јонг.