Дома Трансфер зона Позната главната трансфер мета на Манчестер Јунајтед

Позната главната трансфер мета на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед не ја отвори најдобро сезоната, па Солскјер и играчите трпат големи критики.

Јасно е дека „црвените ѓаволи“ ќе мораат да се засилат во јануарскиот преоден рок доколку сакаат да завршат во Топ 4 на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Солскјер добил буџет од 90 милиони фунти и ќе го потроши на две засилувања.

Солскјер призна дека сигурно ќе донесе напаѓач во јануари, а со оглед на проблемите на средината на теренот ќе инсистира да му биде донесен и играч за врска.

Меѓутоа, приоритет е засилување во нападот, а главна мета е ѕвездата на Лион, Муса Дембеле.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ испратиле скаути да го следат напаѓачот и спремаат богата понуда за него во јанури.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…