Дома Фудбал Останато Видео: Вела со „ножички“ го сруши рекордот во МЛС

Видео: Вела со „ножички“ го сруши рекордот во МЛС

Фудбалерите на Лос Анџелес ФЦ синоќа на свој терен ги победија Колорадо Рапидс со резултат 3:1, а сите три гола за домаќините ги постигна Карлос Вела.

Мексиканецот игра фантастично по доаѓањето во МЛС и со тоа настана неверојатно ривалство помеѓу него и Златан Ибрахимовиќ. Синоќа е одигран последниот натпревар од регуларната сезона, а сега следи плеј-оф за шампион на САД.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Вела и Ибрахимовиќ од почетокот водат неверојатна битка за најдобар стрелец, а Мексиканецот е во предност во однос на искусниот колега од ЛА Галакси.

Вела синоќа  го сруши рекордот за најмногу голови постигнати во МЛС лигата. Тој во последниот натпревар од регуларната сезона заврши со 34 гола, додека Џозеф Мартинез од тимот на Атланта Јунајтед минатата сезона постигна 31.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона подготвува план за египетскиот фудбалски талент кој го споредуваат со Салах

Екипата на Барселона продолжува да биде активна во потрагата по нови фудбалски таленти шир…