Дома Топ вести Победа и шест гола во Мадрид – првенец на Азар, мајсторија на Модриќ (ВИДЕО)

Победа и шест гола во Мадрид – првенец на Азар, мајсторија на Модриќ (ВИДЕО)

Реал Мадрид денес во рамките од Ла Лига играше против Гранада и славеше со 4:2.

Реал како лидер ја дочека второпласираната Гранада која е најголемото изненадување од почетокот на сезоната.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во втората минута после асистенција од Бејл погоди Бензема, а во финишот на првиот дел Азар го постигне првенецот во Ла Лига.

На истекот на еден час игра Лука Модриќ со еден проектил од далечина зголемува на 3:0. Во тие моменти изгледаше дека Реал ќе запише сигурна победа. Сепак, Гранада покажа дека и во таква ситуација не се предава.

Во 69-тата минута Мачис од пенал намалува на 3:1, а Дуарте во 78-та минута погодува за 3:2. Гранада создаде неколку прилики, сепак Хамес Родригез во 92-та минута стрелаше за 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…