Дома Фудбал Симеоне го објасни моментот со кој играчите на Атлетико го воодушевија фудбалскиот свет

Симеоне го објасни моментот со кој играчите на Атлетико го воодушевија фудбалскиот свет

Фудбалерите на Атлетико во 46-тата минута од натпреварот против Локомотив Москва во Лигата на шампионите при резултат 0:0 го воодушевија светот со дисциплината која ја покажаа.

Скоро половина тим на Атлетико во тој момент трчаше назад по топката која ја загубија.

Играчите на Атлетико за ваквата пожртвуваност беа наградени со победа од 2:0.

Сега тој момент го објасни и Диего Симеоне.

„Тоа што го направија моите играчи повеќе има врска со емоциите отколку со фудбалската тактика. Тоа беше доказ за пријателството и убава слика за жртвувањето едни на други како пријатели и соборци“, објасни Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…