Дома Трансфер зона Навивачите на Тотенхем задоволни: На повидок трампа помеѓу Реал и Тотенхем?

Навивачите на Тотенхем задоволни: На повидок трампа помеѓу Реал и Тотенхем?

Судбината на Ериксен беше една од главните теми во летниот трансфер период, сепак на крајот Данецот остана во Тотенхем, но делува дека трансферот беше само одложен.

Реал Мадрид се споменуваше како еден од клубовите кои се заинтересирани за него, но Леви бил тежок преговарач. Шпансктие медиуми пишуваат за интересен договор што би можеле да го направат двата клуба. Имено, Модриќ се наоѓа во последната година од договорот исто како и неговиот колега од Лондон. Наводно, од Реал би го понудиле Хрватот во замена за помладиот Данец.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Модриќ играше четири сезони за Тотенхем, навивачите нема да имаат проблем да го видат освојувачот на Златната топка повторно во своите редови. Размената би се исплатила за двата тима, Ериксен би ја пробудил средината на Реал, додека во Тотенхем би успеал да го замени главниот креативец, со кој Покетино нема идеја што да прави поради неговиот статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…