Дома Фудбал Англија Рој Кин: Можам да се обложам дека следуваат уште тешки денови за Јунајтед

Рој Кин: Можам да се обложам дека следуваат уште тешки денови за Јунајтед

После ремито на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ Рој Кин порача дека ќе му биде тешко на славниот англиски клуб, но дека треба да му се даде поддршка на Оле Гунар Солскјер.

Арсенал и Јунајтед одиграа 1:1 за така на Јунајтед за прв пат му се случи после седум натпревари да има помалку од десет поени. Сепак и покрај тоа Рој Кин смета дека Солскјер треба да остане на клупата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Му дадоа работа и договор и треба да продолжи со работата. Потребно му е да му се дадат неколку преодни рокови. Дали ќе има уште тешки денови? Можам да се обложам дека ќе биде така, но мораат да издржат“, изјави Рој Кин.

Во натпреварот помеѓу Арсенал и Јунајтед немаше премногу 100% шанси, а поголемиот број удари кон голот на „топџиите“ беа надвор од казнетиот простор.

„Потребна е верба и квалитет, а овој тим го нема ниту едното, ниту другото. Трудот постоеше, но фали квалитетот. Мислев дека Јунајтед ќе победи. Тие не го отвараат противникот, се се сведува на контра напади. Тешко е да ги гледаме, знам дека им е тешко и на играчите. Мораат да издржат да дојде еден голе мрезултат и тогаш ќе добијат самодоверба“, порача Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…