Дома Трансфер зона На Суарез му е доста од критики, ја напушта Барса

На Суарез му е доста од критики, ја напушта Барса

Игрите и резултатите на Барселона од почетокот на сезоната не се на задоволително ниво, а еден од оние кои трпат најмногу критики е Луис Суарез.

Уругваецот оваа сезона има постигнато само два гола на пет настапи, а навивачите со свирежи го искажаа своето незадоволство откако беше заменет против Виљареал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека Суарез тоа многу го погодило и дека размислува за заминување од Барселона.

Притоа, неговата намера е да се врати во Ливерпул. Јирген Клоп не е против неговото праќање, но не може да му вети место во стартниот тим покрај Мане, Салах и Фирмињо.

Суарез беше на Енфилд во периодот од 2011 до 2014 година и остави голема трага, па на 110 настапи постигна 69 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…