Дома Трансфер зона Реал потпишал преддоговор: „Кралскиот клуб“ носи огромно засилување за без пари?

Реал потпишал преддоговор: „Кралскиот клуб“ носи огромно засилување за без пари?

Играчот за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен е блиску до трансфер во Реал Мадрид, а некои медиуми пишуваат дека веќе е потпишан преддоговор помеѓу двете страни.

Данецот има договор со Тотенхем до следното лето и слободен е во јануари да преговара со други клубови, а „Mirror“ пишува дека ќе се пресели во Мадрид како слободен играч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид беше заинтересиран и минатото лето, но на крај до договор не дојде, иако имаше шпекулации дека првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви бил подготвен да го пушти Ериксен и така да заработи пари на еден од своите најдобри играчи.

Исто така, шпанскиот весник „AS“ уште во јуни тврдеше дека постои вербален договор помеѓу Ериксен и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…