Oткако Оле Гунар Солскјер по доаѓањето на клупата на Манчестер Јунајтед победи на 14 од 19 натпревари и клубот му даде тригодишен договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Норвежанецот на „Олд Трафорд“ во него гледаа како на трајно решение после заминувањето на Жозе Мурињо, но само половина година подоцна се размислува за негова смена. Јунајтед е во очајна форма, не игра во Лигата на шампионите, а од победата над Челзи во првото коло со 4:0 победи само на уште еден натпревар.
Како што пишува „Дејли Мејл“ негова замена би можела да биде Маурисио Покетино за кого Јунајтед беше заинтересиран и претходно, но Аргентинецот одлучи да остане во Тотенхем со кој минатата сезона играше во финалето од Лигата на шампионите. Но, Покетино јавно кажа дека е спремен да го напушти Тотенхем ако пристигне примамлива понуда. Доколку Солскјер добие отказ, што е извесно, Јунајтед би можел да се насочи кон Покетино.
„Одлично ми е во Тотенхем, но во фудбалот најважно е да се победува и да се освојуваат трофеи. Секако дека сум фрустриран што не можеме да се бориме за трофеи секоја сезона“, изјави неодамна Покетино кој во Тотенхем е веќе шест сезони.
Во договорот на Аргентинецот со Тотенхем има откупна клазула од 35 милиони евра.