Дома Фудбал Италија Одлични вести: Милан добива големо засилување за продолжение од сезоната!

Одлични вести: Милан добива големо засилување за продолжение од сезоната!

Tренерот на Милан, Марко Џампаоло нема да може да смета на Лукас Пакета за утрешниот натпревар против Торино во Серија А, но доби едно големо засилување.

Додека Пакета е отпаднат за утрешниот натпревар поради проблеми со бутниот мускуло, Џакомо Боновентура би можел да заигра за прв пат за Милан после скоро една година.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот играч на Аталанта заработи тешка повреда на коленото минатиот ноември после што следуваше негово долго опоравување.

Боновентура пред повредата беше еден од најважните играчи на „росонерите“ покривајќи ги скоро сите позиции на средината на теренот, а навивачите го обожаваа пореди професионалниот пристап на секој натпревар.

Давиде Калабриа исто така се враќа после еден натпревар суспензија, но стоперот Матија Калдара се уште не е со тимот.

Списокот на Милан за гостувањето во Торино: Донарума. А, Донарума. Џ, Реина; Калабриа, Конти, Дуарте, Габиа, Ернандез, Мусакио, Родригез, Ромањоли; Бенасер, Биља, Боновентура, Чалханоглу, Кеси, Круниќ, Борини, Кастиљехо, Леао, Пјонтек, Ребиќ, Сусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…