Дома Трансфер зона Манџукиќ ги одбил катарските милиони затоа што се надева на голем трансфер?

Манџукиќ ги одбил катарските милиони затоа што се надева на голем трансфер?

Хрватот се уште сака да игра на највисоко ниво.

Фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ ја одби понудата од Катар каде што би заработувал седум милиони фунти годишно бидејќи наводно се надева на трансфер во Манчестер Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на летниот преоден рок се шпекулираше дека Манџукиќ и неговиот соиграч Паоло Дибала ќе преминат во Јунајтед, но преговорите пропаднаа затоа што напаѓачот не сакаше да се пресели во Англија.

Манчестер Јунајтед не игра добро оваа сезона и не постигнува многу голови, поради што се шпекулира дека управата на англискиот клуб повторно ќе преговара со Јувентус за трансфер на Манџукиќ во јануари.

Клубот го напушти Ромелу Лукаку кој се пресели во Интер, а на „Олд Трафорд“ не пристигна негова замена. Маркус Рашфорд постигна само три гола, од него дефинитивно се очекуваше повеќе. Освен тоа тој се повреди за викендот против Вест Хем.

Јувентус за Манџукиќ бара 11 милиони фунти и нема намера да прифати помала понуда.

Манџукиќ се уште не играл кај новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, а понудата од Катар ја одби затоа што смета дека се уште може да игра во некоја од најсилните лиги во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…