Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино изјави дека му потѕребно време за повторно да изгради балансиран тим бидејќи е нарушена хармонијата во моментов.
Тотенхем минатата сезона постигна историски успех и се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, па очекувањата оваа сезона беа големи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ синоќа забележаа големо разочарување и беа елиминирани од Лига Купот од четвртолигашот Колчестер.
„Потребно ми е време за повторно да ја изградам металната цврстина која е потребна за да се натпреваруваме на ова ниво. Во моментов е нарушена хармонијата. Кога имаш тим кој е незадоволен и несреќен, секогаш е тешко и тоа е само губење време“, истакна Покетино.
„Треба да помине некое време за да се стабилизира тимот. Можеби игрите ни се добри, ама ни треба нешто повеќе, ни треба нешто во главите. Ни треба поволна енергија, да сме сите заедно, а не да имаме различни ставови. Мора да продолжиме да работиме и мора да сме смирени“, заклучи Покетино.
Mauricio's verdict on yesterday's defeat: #THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/hgUJeNJ7vY
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 25, 2019