Дома Фудбал Берлускони: Мојата Монца може да го победи Милан со 3:0

Берлускони: Мојата Монца може да го победи Милан со 3:0

Поранешниот сопственик на Милан, сега на третолигашот Монца, Силвио Берлускони тврди дека неговиот нов клуб би можел да го победи Милан.

„Зборував со претседателот на Милан и му предложив пријателски натпревар. Ние би ги победиле со 3:0. Секој кој видел како Монца игра во последно време би дал иста анализа како и јас“, изјави поранешниот премиер на Италија, за чии 22 години како главен фунцкионер на Милан донесе пет титули шампиони на Европа, осум Серија А, еден Куп и пет Суперкупови на Италија и УЕФА.

Заедно со неговата „десна рака“ Адриан Галијани минатата година ја превзедоја Монца и сакаат тимот од трета лига да го промовираат во повисоките рангови на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…