Дома Фудбал Останато Поранешниот миленик на Фергусон ја заврши кариерата на 31 година

Поранешниот миленик на Фергусон ја заврши кариерата на 31 година

Димитар Бербатов пред неколку дена соопшти дека оди во пензија, а уште еден член од тогашниот тим на Манчестер Јунајтед одлучи да оди по неговите стапки.

Имено, копачките на клин ги закачи и бразилскиот фудбалер Андерсон кој најмногу го паметиме по игрите во Манчестер Јунајтед. Сер Алекс Фергусон го доведе летото 2007. година од Порто, иако многумина веруваа дека не е доволно добар за „Црвените ѓаволи“. Но, Андерсон во Јунајтед играше дури седум години и успеа да дојде до титулата шампион на Европа. Во Јунајтед стигна кога имаше само 19 години и од него многу се очекуваше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Бразилецот никогаш целосно не ги исполни очекувањата и 2014. година го напушти „Олд Трафорд“. Претходната сезона играше за турскиот второлигаш Адана Демиспор, а сега одлучи да ја заврши карерата. Иако Андерсон има само 31 година донесе одлука дека ќе се пензионира и во Адана ќе добие некоја функција во клубот што потврди претседателот на овој тим.

Андерсон во Јунајтед одигра 181 натпревар и клубот во 2007. година го плати на Порто 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистелрој експресно се враќа во Премиер лигата и тоа на клупата на поранешен шампион?!

Според медиумите на Островот, Руд Ван Нистелрој е еден од главните кандидати за нов тренер…