Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би требало да го напушти Јувентус и својата кариера да ја продолжи во Катар.
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Манџукиќ одлучил да го напушти Јувентус и изненадувачки го избрал Катар за наредна дестинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за него покажуваа три катарски клуба, а наводно Манџукиќ бил најбилску до трансфер во Ал Рајан. Се очекуваше да се пресели во овој клуб, но конкретни информации се уште нема.
„Тутомеркато“ пренесува дека Манџукиќ го стопирал трансферот кога видел каде ќе тренира или ќе игра ако потпише за Ал Рајан. Овој клуб работи на големо на својата инфраструктура, а Манџукиќ се разочарал кога видел каде тренираат играчите на овој клуб.
Иако се договорил за договор вреден 7.5 милиони евра годишно изгледа дека се уште не одлучил со сигурност да се пресели во овој клуб.