Наполи ова лето потроши речиси 130 милиони евра, но очигледно не планира да застане ниту во зимскиот трансфер период.
Според пишувањата на островските медиуми, Италијанците се заинтересирани за доведување на напаѓачот на Селтик, Одсон Едуар. Французинот игра во одлична форма веќе две сезони од како пристигна од ПСЖ, од почетокот постигна шест гола со четири за младата репрезентација на Франција. Во првата сезона на Островот во стрелците се запиша 23 пати.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Многумина го споредиуваат со Николас Ањелка поради стилот на игра, за неговите услуги се заинтересирани и Сампдорија, Аталанта, но и Борусија Дормтунд, па за неговиот потпис ќе мораат малку да се борат. Едуар има само 21 година и е проценет на 30 милиони фунти, што не е проблем за Наполи.
Селетик така би заработил три пати повеќе, бидејќи го купи за само девет милиони фунти.