Екипата на Еурофарм Работник забележа нов пораз во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но овој пат имаат за што да жалат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фармацевтите“ загубија на гостувањето во Шведска кај Савехов со 25:24, иако имаа предност од пет гола на полувреме.
И работите се одвиваа одлично на почетокот, Битолчани доминираа во првиот дел и по 30 минути игра имаа водство од 15:10.
Во вториот дел домаќините комплетно го надиграа Ерофарм, најпрво израмнија на 18:18 во 4-та минута, а потоа цело време до крајот беа во водство.
Најпрецизен во редовите на Еурофарм беше Ловро Јотиќ со осум постигнати голови, додека со три натпреварот го завршија Бојан Маџовски и Милан Ѓукиќ.