Дома Фудбал Германија Германците се подготвуваат: Доаѓат 1.000 „Делии“ ќе ги чуваат 500 полицајци (ФОТО)

Германците се подготвуваат: Доаѓат 1.000 „Делии“ ќе ги чуваат 500 полицајци (ФОТО)

Германски „Билд“ на денот на натпреварот помеѓу Баерн и Звезда и посвети дел на навивачите на српскиот клуб, „Делиите“.

Имено, овој весник нагласи дека околу 1.000 навивачи на Звезда пристигнуваат во Минхен и дека се договориле да се сретнат во центарот на градот околу 14:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Билд“ за „Делиите“ пишува како најжестоки навивачи, склони кон правење проблеми и потсетува на судирот во Швајцарија пред натпреварот во Берн против Јанг Бојс.

Се истакнува дека често користат пиротехника и дека пред нивниот стадион неодамна поставија тенк. На „Алијанц Арената“ ќе ги чуваат 500 полицаајци што за Германија е исклучително голем број.

Кога се другите текстови во прашање „Билд“ пишува за Фелипе Кутињо за кого кажува дека може да биде вистинска десетка на Баерн. Дел е посветен и на изјавата на Марко Марин дека сака да се врати во Германија и таму да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…