Дома Фудбал Останато Сари со изборот на првите 11 вечерва повторно ќе ги налути навивачите на Јувентус

Сари со изборот на првите 11 вечерва повторно ќе ги налути навивачите на Јувентус

Едно од дербите на првото коло во Лигата на Шампионите ќе се одигра на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико Мадрид ќе го пречека Јувентус. Меѓутоа, Маурицио Сари и вечерва нема да може без изненадувања меѓу стартните 11. Така Паоло Диабала и овој натпревар ќе го започне од клупата.

Се најавува дека Арон Ремзи и Адриен Рабио, големите засилувања, повторно од почетокот ќе се најдат на клупата. Повредениот Даглас Коста најверојатно ќе го замени Бернандески, кој игра далеку под очекуваното.

Можниот состав на Јувентус изгледа вака: Шчезни; Данило, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро; Кедира, Пјаниќ, Матуди; Бернандески, Игуаин, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најбогатиот фудбалер вреден над 18 милијарди долари остана без клуб!

Фаиќ Болкијах моментално е без клуб откако му истече договорот со Ратчабури, еден од тимов…