Дома Фудбал Спортскиот директор на Борусија: Одбивме да преговараме со Јунајтед за Санчо

Спортскиот директор на Борусија: Одбивме да преговараме со Јунајтед за Санчо

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц откри дека имал повик од Манчестер Јунајтед.

Зорц непосредно пред почетокот на вчерашниот натпревар против Барселона зборуваше за ЛШ, за квалитетот на играчите на Борусија, Бундеслигата, но исто така откри дека имал повик од Олд Трафорд поради талентираниот Санчо.

Манчестер Јунајтед сакал да го купи ова лето, а Зорц открива дека Борусија Дортмунд не сакала да преговара.

„Санчо? Манчестер Јунајтед беше заинтересиран, но ние не сакавме да преговараме.“ – откри Зорц.

Англискиот репрезентативец блеска и оваа сезона во дресот на Милионерите, но тешко дека Борусија ќе може да го задржи повеќе од една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома со долга листа отсутни: Без Манчини и првите двајца голмани против Сасуоло

Ману Коне се враќа во составот, но Рома ќе го пречека Сасуоло без неколку важни фудбалери,…