Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ е пред трансфер во катарски Ал Рајан, пренесуваат италијанските медиуми.
Хрватот не влегува во плановите на Маурицио Сари и сигурно ќе го напушти клубот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми тврдат дека Манџукиќ денес би требало да го комплетира договорот со катарскиот клуб.
Неколку катарски клуба испратија понуда за напаѓачот, но последните информации се дека тој се договорил со Ал Рајан, чија понуда била финансиски најдобра.
33-годишниот напаѓач во Јувентус заработува 7 милиони евра по сезона, додека Ал Рајан му нуди тригодишен договор тежок 8 милиони евра по сезона.
„Скај Италија“ пренесува дека трансферот треба да биде потврден до крајот на денот.